Репрезентацијата на Данска на домашен паркет во Хернинг ја совлада лесно репрезентацијата на Норвешка со резултат од 31:22 и на тој начин стигнаа до својата прва Светска титула во историјата. Данска ја комплетираше колекцијата на златни медали по Олимпискиот златен медал во Рио де Женеиро како и европските златни медали.
На самиот почеток на мечот играа гол за гол, а данците кога го зголемија ритамот на игра и Ландин кога почна да фаќа зицер удари домаќините за прв пат имаа осетна предност од 10:6 и до крајот на мечот само ја зголемуваа позитивата до крајот на финалето.
Најзаслужни за триумфот е голманот Никлас Ландин со 13 интервенции, а во листата на стрелци најмногу погодоци постигнаа Хансен со 7 гола, а во чекор го следеа Лауге и Олсен со по 5 гола. Во селекцијата на Норвешка единствена светла точка беше Јондал кој постигна 10 гола.



