Милан и Наполи на ,,Сан Сиро” одиграа реми со резултат од 0:0 во дерби натпреварот од 21. коло во Серија А. Сепак по завршувањето на мечот имаше многу негодувања поради судењето, а најмногу критики од наполитанците кои се незадоволни од арбитражата на главниот судија.
Дискутабилна е ситуацијата кога фудбалерот на Милан од средниот ред, Бакајоко во својот казнен простор стартуваше на нозете на Лоренцо Инсиње, но судијата Даниеле Довери не досуди најстрога казна, а во првенството на Серија А има ВАР систем, па се поставува прашањето која е поентата на неговото постоење?



