Репрезентацијата на Шведска го освои петтото место на Светското првенство во Германија и Данска против Хрватска со резултат од 34:28. Во натпревар без поголемо натпреварувачко значење, освен борба за престиж, швеѓаните имаа повеќе мотиви и желба па стигнаа до нова победа. Во победничкиот табор на Шведска најефикасен беше Екберг со 6 гола, додека Лука Степанчиќ постигна 5 гола во тимот на Хрватска.



