Овогодинешниов Ол Стар натпревар е се поблиску, а петорките како и капитените на двете екипи веќе се познати. На Истокот, Јанис Антетокумпо како капитен ја предводи петорката во која што се имињата на: Кајр Ирвинг, Кемба Вокер, Кави Леонард и Џо Ембид.
На Запад капитен на тимот е Леброн Џејмс, а во таа петорка ќе играат уште: Стив Кари, Џејмс Харден, Пол Џорџ и Кевин Дурант. Стартерите ги бираа навивачите, преставниците на медиумите како и самите играчи. За неколку дена ќе се знаат сите имиња на 14 резерви, по 7 кошаркари во двете екипи.



