Норвешка во недела од 17.30 часот ќе игра финале против Данска за наслов на ракометен светски првак. Норвешка ќе игра во второ последователно финале откако во второто полуфинале против домашната селекција на Германија дојдоа до триумф од 31:25.
Пред две години екипата на Кристиан Бергер изгуби во финалето од тогашниот домаќин Франција, а сега повторно ќе игра против домашната репрезентација на Данска во скандинавското финале.
Во целиот тек на мечот норвежаните имаа контрола и врз текот на резултатот и на играта во поле. Најефикасен поединец во победничкиот табор заврши Сагосен со 6 гола исто колку што имаше и пикерот Мирхол. Во тимот на Германија најдобар стрелец беше левото крило Генсхајмер со 7 погодоци.



