Ања Вагнер од гратчето Миларвил во Канада, поради повреда на грбот многу тешко се движи на својот имот , па решила да ја продаде куќата по цена од 1,7 милиони долари. Но, бидејќи никако не успевала да ја продаде луксузната куќа решила да организира наградна игра и да му ја подари куќата на оној кој ќе и испрати највпечатливо писмо.
Писмото треба да има најмногу 350 знаци , а може да се испрати на меил или по пошта со уплата од 25 долари. Натпреварот за сега трае до 5 април , но можно е Вагнер да го продолжи рокот , во зависност од интересот. Учесниците мора да бидат постари од 18 години, а од едно домаќинство може да се натпреварува само едно лице. Не смеат да се пријават членовите на нејзиното семејство и пријателите



