Ракометарите на Германија славеа против европскиот шампион Шпанија со 31-30 и во полуфиналето ќе се сретнат со селекцијата на Норвешка. Најпрецизен на мечот беше крилотo на Шпанија Соле со 8 гола, додека во Германија Бом со 5 погодоци.
Вториот домаќин Данска успеа да ја совлада селекцијата на Шведска со 30:26 и си закажа грандиозно полуфинале со селекцијата на Франција. Голманот на Данска Никлас Ландин со 13 одбрани беше играч на мечот, додека во нападот на Данска се истакна Хансен со 6. Кај Шведска блескаше крилото Толбринг со 8 голови.



