Ѓоко Јовиќ во соработка со ИН продукција сними преубава песна инспирирана од нашите печалбари “За Велигден”. Видеото за оваа песна е снимано во домот на самиот пејач. Ѓоко ја компонирал музиката за оваа песна, додека автор на текстот е Александар Стевановски, а аранжманот го потпишува Дамир Имери. Песната е снимена и миксана во студиото „Анастасија“ од страна на Љупчо Павловски, кој го правел и мастерингот на истата, а сите вокали ги пее самиот изведувач.



