Ракометарите на Алкалоид забележаа значајна победа во дербито на 11. коло од македонската Суперлига, откако на домашен терен го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 30-28.
Избраниците на Кирил Лазаров одиграа одлично прво полувреме, во кое ја наметнаа својата игра и на пауза заминаа со предност од четири гола (14-10).
Во вториот дел битолчани се обидоа да се вратат во натпреварот, но Алкалоид ја задржа предноста и на крајот заслужено се радуваше на победата со конечни 30-28.
Прв стрелец во победничкиот состав беше Никола Костески со седум гола, додека по четири постигнаа Игор Ѓоргиев и Нејц Цехте. Марко Кизиќ забележа 11 одбрани, додека Галевски фати два седмерци за голема и важна победа.
Кај Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски беше најефикасен со седум гола, а Рудолф Хакбарт постигна шест. Петар Атанасијевиќ натпреварот го заврши со четири погодоци.
СТРЕЛЦИ:
АЛКАЛОИД – 30
Никола Костески 7, Игор Ѓоргиев 4, Нејц Цехте 4, Иван Џонов 3, Урош Борзаш 3, Вуко Борозан 3, Марко Стојковиќ 2, Александар Петковски 2, Марко Митев 1, Сухељник Матиќ 1.
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – 28
Филип Кузмановски 7, Рудолф Хакбарт 6, Петар Атанасијевиќ 4, Андреј Видомски 2, Жарко Пешевски 2, Саду Нтанзи 2, Никола Митревски 1, Самоил Ристевски 1, Мартин Серафимов 1, Цветан Кузманоски 1, Никола Граховац 1.
Полувреме: 14-10.



