Македонската репрезентативка Сара Ристовска имаше вечер за паметење во романското првенство! Нашата ракометарка беше меѓу главните хероини на Рапид Букурешт, кој го совлада Баја Маре со 32:27.
По неизвесното прво полувреме, кое заврши без предност за ниту една екипа (18:18), Рапид додаде гас во продолжението и со подобра игра во вториот дел (14:9) стигна до нова победа.
Во центарот на вниманието беше токму Ристовска, која имаше перфектна реализација. Македонката постигна шест голови од шест обиди и покажа дека кога е најпотребно, може да преземе голема одговорност на теренот.
Рапид Букурешт со освоените 11 бодови се наоѓа на шестото место на табелата, а во следното коло го очекува гостување кај Стинта Букурешт.




