Пионерите на РК Струга продолжуваат со добрите настапи! Стружани славеа на гостувањето кај Охрид со 13:18 (8:8), во натпревар од 7. коло во Пионерската машка лига, група А.
Апсолутен херој на натпреварот беше Борјан Домазетоски, кој постигна неверојатни 13 гола, односно исто толку колку целата домашна екипа на Охрид заедно!
По израмнетото прво полувреме, младите ракометари на Струга одиграа подобро во продолжението, ја презедоа контролата врз резултатот и заслужено ги освоија бодовите.
Стрелци за РК Струга:
Борјан Домазетоски 13, Тино Бебекоски 2, Хусеин Шеј 1, Никола Николовски 1, Никола Спироски 1.
Стрелци за Охрид:
Јован Шикалески 9, Михаил Вероновски 2, Филип Дуноски 2.
Борјан Домазетоски дефинитивно го одбележа ова езерско дерби и покажа дека неговото име треба сериозно да се следи во младинскиот ракомет!




