Голем меѓународен успех за македонскиот спорт! Драган Стојчевски е новиот светски шампион за 2026 година во категоријата Men Fit Model Master, на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес, кое се одржува во Санта Сузана, Шпанија.
Со освоената титула, Стојчевски се најде на самиот светски врв и уште еднаш покажа дека македонските спортисти можат да се борат за највисоките признанија и на најголемата меѓународна сцена.




