Ракометарите на Вардар 1961 приредија вистинска сензација во Лигата на шампионите, откако на гостински терен го совладаа француски Нант со убедливи 33:27.
„Црвено-црните“ одиграа одличен натпревар и заслужено стигнаа до големиот триумф, а еден од најзаслужните за победата беше голманот Милош Валах, кој забележа фантастични 17 одбрани и беше огромна пречка за домашните ракометари.
Вардар имаше расположени играчи и во нападот. Најефикасен беше Леон Љевар со седум гола, шест постигна Јака Малус, додека Урош Митровиќ натпреварот го заврши со пет погодоци.
Гоце Георгиевски постигна четири гола, Жоао Педро да Силва три, а Матео Фадхуил и Мишел Матиаба-Тузолана по два. Милан Лазаревски и Виктор Јанковски придонесоа со по еден погодок.
Стрелци за Вардар 1961:
Љевар 7, Малус 6, Митровиќ 5, Георгиевски 4, да Силва 3, Фадхуил 2, Матиаба-Тузолана 2, Лазаревски 1, Јанковски 1.
www.javisejuzna.mk — пријател на македонскиот ракомет




