Пионерскиот состав на РК Струга забележа убедлива победа во 2. коло од Групата А во Пионерската машка лига, откако на домашен терен го совлада Бутел со високи 29:14.
Стружани одиграа одличен натпревар и уште во првото полувреме најавија дека бодовите ќе останат во Струга. Домашниот тим на паузата замина со предност од 12:6, а во вториот дел продолжи со сигурната игра, дополнително ја зголеми разликата и на крајот славеше со убедливи 15 гола предност.
Најефикасен во редовите на Струга беше Борјан Домазетоски со 11 погодоци. Одличен настап имаше и Никола Коцарески со пет гола, колку што постигна и Тино Бебекоски. Кај гостите, најрасположени беа Стефан Котевски и Горазд Алексоски, кои постигнаа по четири погодоци.
Стрелци:
РК Струга – 29
- Борјан Домазетоски – 11
- Тино Бебекоски – 5
- Никола Коцарески – 5
- Петар Анастасиески – 3
- Лука Милошески – 2
- Макариј Николовски – 1
- Александар Бунчески – 1
- Никола Николовски – 1
Струга: Никола Трајаноски, Макариј Николовски, Петар Анастасиески, Александар Бунчески, Андреј Тодоровски, Тино Бебекоски, Лука Милошески, Хусеин Шеј, Христијан Пендиќ, Борјан Домазетоски, Христијан Петрески, Никола Николовски, Никола Спироски, Матеј Шуминовски, Никола Коцарески и Нектариј Николовски.
Тренери: Дејан Коцарески, Ристе Милески и Ѓорѓи Коцарески.
РК Бутел – 14
- Стефан Котевски – 4
- Горазд Алексоски – 4
- Филип Зенговски – 2
- Олег Цветановски – 2
- Јанко Ивановски – 2
Бутел: Андреј Јанков, Андреј Патровски, Филип Зенговски, Стефан Котевски, Горазд Алексоски, Олег Цветановски, Јанко Ивановски, Огнен Иванов, Јаков Атанасовски, Лука Љадевски и Алексеј Симуновски.
Тренери: Леонид Киселовски и Стефан Стојановски.
Со оваа победа, младите ракометари на Струга продолжуваат со успешните настапи во пионерската лига, потврдувајќи го својот потенцијал и амбициите за нови добри резултати.
www.javisejuzna.mk — пријател на македонскиот ракомет




