Струга ќе има своја претставничка на големата европска музичка сцена!
Младата Ана од Струга ќе ја претставува Македонија на Јуниор Евросонг 2026, кој годинава ќе се одржи во Малта. Таа уште од најрана возраст покажува голема љубов кон музиката и пеењето, а сега ќе добие можност својот талент да го покаже пред европската публика.
Ана на сцената ќе настапи заедно со танчарките Калина, Каја и Елена, додека за кореографијата е задолжен Илија Карадакоски. Македонската делегација ја предводи шефот на делегацијата Дијана Гогова.
Песната со која Ана ќе настапи веќе е промовирана. Музиката и аранжманот се на Николче Мицевски, дпдек автор на текстот е Илчо Нечовски, а видеото е во продукција на Македонската радио-телевизија (МРТ).
Јуниор Евросонг 2026 ќе се одржи на 24 октомври во Малта, а МРТ ќе обезбеди директен пренос од настанот со почеток во 21:00 часот.
Сега останува да навиваме за Ана и да ѝ посакаме успешен настап на големата сцена! 🇲🇰❤️




