Македонија веќе има два сигурни медали на Медитеранските игри во Таранто, откако борачите Фати Вејсели и Реџеп Хајдари обезбедија пласман во финалето во своите категории.
Вејсели во категоријата до 74 килограми во полуфиналето славеше над Турчинот Јасин Јесил со 5-3, со што обезбеди најмалку сребрен медал и утре ќе се бори за златото.
Уште поголем успех оствари и Реџеп Хајдари, кој во категоријата до 97 килограми го совлада Французинот Адлан Висханов со 3-2 и исто така се пласираше во големото финале.
Така, Македонија има две сигурни одличја, а утре ќе има можност и двата медали да бидат златни.
Дополнително, Ахмад Магомедов ќе се бори за бронза во категоријата до 86 килограми, што значи дека Македонија може да стигне и до три медали на Медитеранските игри.
Утре сите погледи кон Таранто – двајца македонски борачи ќе се борат за медал со златен сјај!




