Од Струга до Англија – нова страница во кариерата на младиот Дитмир Хоџа!
Младиот струшки фудбалски талент Дитмир Хоџа, на само 17 години, прави голем чекор во својата кариера. Младиот напаѓач заминува од Работнички и кариерата ќе ја продолжи во Лидс Јунајтед, каде ќе има можност да се развива во англискиот фудбал.
За Хоџа ова е огромна можност да го покаже својот потенцијал и да напредува во средина со високи фудбалски стандарди.




