Светско сребро за Катерина Ацевска – голем успех за македонското џиу-џицу!
Фантастичен успех за македонското џиу-џицу! Катерина Ацевска освои сребрен медал на Светското првенство во Абу Даби, со што се закити со титулата светска вицешампионка во категоријата +70 килограми, џиу-џицу фајтинг.
Ацевска имаше одличен настап на шампионатот и стигна до големото финале, каде што го освои второто место и уште еднаш го потврди својот квалитет на светската сцена.
За македонската репрезентативка ова е чекор погоре во однос на претходното Светско првенство, одржано во Тајланд. Тогаш Ацевска освои бронзен медал, додека сега успеа да стигне до среброто и да се искачи едно скалило повисоко на пиедесталот.




