ЖРК Вардар продолжува со формирањето на тимот за претстојната сезона, а од клубот потврдија дека и во наредниот шампионат дел од составот ќе бидат двете најдобри стрелци од минатата сезона, македонските репрезентативки Леона Миленкоска и Ивана Трифуноска.
Двете крилни ракометарки имаа значајна улога во играта на Вардар во изминатата сезона, издвојувајќи се како најефикасни поединки во тимот. Со своите настапи, голови и константни добри игри, Миленкоска и Трифуноска беа меѓу носителите на играта на црвено-црните и дадоа голем придонес во резултатите на екипата.




