Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари извонреден успех на престижниот меѓународен турнир „Гран при 2026“ што се одржа во Зворник, Босна и Херцеговина, освојувајќи вкупно 17 медали во конкуренција на повеќе од 350 натпреварувачи од десет европски земји.
Kлубот „Сонкал“ од Мислешево, Струга, кој освои три сребрени и еден бронзен медал.
- Кристијан Гагалески освои сребро во спаринг борби кај деца од 8 до 10 години до 30 килограми и бронза во форми за жолт виш појас.
- Павел Ѓикоски освои сребро во спаринг до 45 килограми,
- Максим Шулески се закити со сребрен медал во форми за жолт појас.




