РК Вардар 1961 и официјално повторно е шампион на Македонија. „Црвено-црните“ ја освоија својата 16. титула во домашното првенство, со што по три години пауза повторно се вратија на тронот на македонскиот ракомет.
Титулата беше заверена по последниот натпревар од плеј-офот против РК Бутел Скопје, со што Вардар ја прекина серијата шампионски титули на РК Еурофарм Пелистер.




