Фудбалерите на ФК Вардар се нови шампиони на Македонија, откако попладнево во рамки на 33. коло од Првата македонска фудбалска лига славеа на гостувањето кај Струга Трим Лум со минимални 1-0.
Со овој триумф, Вардар ја обезбеди шампионската титула и уште еднаш го потврди статусот на најтрофеен клуб во македонскиот фудбал. За „црвено-црните“ ова е вкупно 12. титула во домашниот шампионат, а прва по пауза од шест години.




