понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Крива Паланка ја освои првата шампионска титула

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 10, 2026
📁 Кошарка
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Екипата на Крива Паланка е победник на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига и нов шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција.

Вечерва, во четвртиот натпревар од финалето на Плеј-офот, како гости славеа минимална победа против екипата на Бадел 1862 и со вкупни (3-1) ја затворија серијата која го даде новиот државен првак за натпреваруваќката сезона 2025/2026.

БАДЕЛ 1862 – КРИВА ПАЛАНКА 73:75 (1-3)

По одличното отворање на гостинската екипа во овој натпревар во кое во првите десет минути се стекнаа со високо водство (30:16), многумина беа оние кои веруваа дека фаворитот ја завршил работата.

И не беа во право, затоа што домашните кошаркарки, исто како на претходниот меч кој го реализираа во своја корист, не се предадоа.

Напротив, заиграа со уште поголем ангажман. До полувремето анулираа дел од негативата, намалија на -10, (32:42), а комплетно се вратија во натпреварот во текот на третиот период од финалето број 4.

По тие десет минути двете екипи ја дочекаа последната четвртина со егал резултат, на семафорот во полната сала „Независна Македонија“ стоеја четири „петки“ (55:55).

Во последната делница, Крива Паланка уште еднаш „побегна“ на солидна позитива (71:62), кога останааа неполни три минути за доигрување.

Период во кој „баделки“ внесоа нова драматика во финалната серија.

Со серија од (11-3), по тројката на Чолакоска стигнаа на минус од еден поен (73:74).

Но време за пресврт немаше, останаа само 1.7 секунди на семафорот, доволно да почне големото славење.

Крива Паланка за прв пат во својата историја на постоењето е шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција.

Но честитките одат и на страната на Бадел 1862, екипа која во полуфиналето го елиминираше сега веќе стариот првак, екипата на Баскет кам, а во четирите натпревари од финалната серија покажаа дека тоа не било никаква случајност, напротив!

ShareTweet
Претходна вест

Лазаров: Мора да имаме добар ритам и концентрација во текот на сите 60 минути

Следна вест

Дарио Ивановски со нов македонски рекорд на 10 км

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ
Кошарка

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Ное/2026
Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби
Кошарка

Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Окт/2026
ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!
Кошарка

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Окт/2026
ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир
Кошарка

ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Сеп/2026
Следна вест
Дарио Ивановски го собори рекордот – најбрз на 10.000 метри во историјата на Македонија

Дарио Ивановски со нов македонски рекорд на 10 км

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.