На 2 мај 2026 година, во Пожаревац се одржа натпреварот Aquathlon – Požarevac Winner, во организација на клубот TRI SWIM . На овој спортски настан успешно учествуваа нашите натпреварувачки Бона, Мона и Тија Кукунешоски, постигнувајќи одлични резултати во своите категории.
Во категоријата пионерки, Бона Кукунешоска го освои второто место, додека Мона Кукунешоска се пласираше на третото место. Со своите настапи тие покажаа одлична подготвеност, борбеност и спортски дух.
Во категоријата млади јуниорки (Sprint Woman), Тија Кукунешоска го освои второто место, а истиот пласман го имаше и во апсолутна категорија.




