Ракометниот клуб ГРК Охрид направи историски успех откако обезбеди пласман во финалето на Купот на Македонија, првпат во своето постоење.
Во полуфиналниот натпревар, охриѓани славеа убедлива победа против РК Еурофарм Пелистер со резултат 26:19.
Најдобри стрелци во Охрид беа Ѓукиќ и Јагуриновски со по 5 гола. Во составот од Битола се истакна капитенот Кузмановски со 9 погодоци.




