Во рамките на јуниорската лига, екипата на ЖКК Струга 2009 забележа важен брејк на гостувањето во Скопје против ЖКК Бадел.
Натпреварот заврши со победа на стружанките:
ЖКК Бадел – ЖКК Струга 2009 55:60
(21:11; 13:13; 10:14; 16:17)
Најефикасна на натпреварот беше Зиба, која одигра извонреден меч и постигна 34 поени.
Поддршка во нападот доби од:
- Муртезаи – 13 поени
- Миладиноска – 8 поени
- Незири – 5 поени
Со оваа победа, ЖКК Струга 2009 покажа одлична игра и карактер на тешкото гостување во Скопје




