Добра игра на дебито на селекторот Берокал, и сигурна победа на „црвено-жолтите“ од (79:70)
Во третиот натпревар од групата „А“ од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, машката селекција на Македонија извојува победа над Луксембург.
И по три одиграни кола, „црвено-жолтите“ имаат максимален ефект, три игри, три победи, доволно за прво место на табелата.
Повратникот Етан Хап доминираше под кошевите со моќен дабл-дабл (15 поени, 14 .скока), Јакимовски беше нашиот најефикасен играч, реализираше 17.поени, а имаше и седум скока и четири успешни додавања, додека Ефремовски финишираше со 13. реализации.
За неколку дена, на 2. март, во Баку, нашите најдобри кошаркари ќе се сретнат со репрезентацијата на Азербејџан.




