Пионерската селекција на ЖКК Струга 2009 одигра два натпревари, запишувајќи две победи овој викенд.
Во првиот дуел помладите пионерки против Декса, стружанките славеа со резултат 31:54
(16:09; 11:08; 15:03; 12:11).
Најефикасна во овој натпревар беше Дукоска Моника со 18 поени, Ајдиноска Туана додаде 10, Матеска постигна 8, Наумоска 5, а Марковска Из. 4 поени.
Кај пионерките, победа славеше Струга на гостувањето кај Спорт Тим со 53:67 (13:15; 17:16; 11:22; 12:14). И покрај поразот, блескаше Нелоска со фантастични 37 поени, додека поддршка доби од Узуноска А. со 10, Ајдиноска Џемиле со 6, Узуноска Т. и Пејчиноска со по 4, како и Кајмакоска, Чороска и Хаџиева со по 2 поени.




