Вечерва во Италија свечено ќе започнат 25. Зимски олимписки игри „Милано – Кортина 2026“. На овој голем спортски настан се очекува учество на околу 2.900 спортисти од повеќе од 90 држави ширум светот.
Македонија ќе биде претставена со четворица олимпијци – алпските скијачи Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордиските скијачи Ставре Јада и Ана Цветановска.
Централната церемонија на отворањето ќе се одржи вечерва од 20 часот на легендарниот стадион „Џузепе Меаца“ во Милано, додека паралелни свечености ќе има и во Кортина и Предацо. Македонското знаме во Кортина ќе го носи Јана Атанасовска, а во Предацо честa ќе му припадне на Ставре Јада.




