Македонија ќе има четворица претставници на Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026, кои ќе се одржат од 6 до 22 февруари во Италија.
Со четири обезбедени олимписки квоти, македонската репрезентација ќе настапи во нордиско трчање и алпско скијање.
Нордиско трчање
Ана Цветановска ќе настапи во дисциплините спринт и интервал старт на 10 километри, додека Ставре Јада ќе се натпреварува во истите дисциплини.
Алпско скијање
Во алпско скијање, боите на Македонија ќе ги бранат Јана Атанасовска и Мирко Лазарески, кои ќе настапат во дисциплините слалом и велеслалом.




