Струмичанката Тина Русева победник на „The Voice of Europe 2025“
Струмица / Европа – Македонската музичка сцена доби нова европска ѕвезда. Струмичанката Тина Русева го освои првото место на престижното музичко натпреварување „The Voice of Europe 2025“, освојувајќи ја титулата европски победник и признание за исклучителен вокален талент и сценска изведба.
Со својот настап, Русева ги воодушеви жирито и публиката од повеќе европски земји, издвојувајќи се меѓу силна конкуренција од млади и афирмирани изведувачи. Нејзината победа се оценува како значаен успех не само на личен план, туку и како голем поттик за македонската музичка сцена.




