Синоќс во куп-натпреварот против Анан целосно му припадна на Бојан Миовски. Македонскиот напаѓач одигра меч за паметење и беше клучната фигура во убедливата победа на Глазгов Ренџерс од 5-0.
Уште во 12. минута Миовски го најави она што следуваше – со сигурна завршница го отвори резултатот и внесе мир во играта на својот тим. Ренџерс продолжи да напаѓа, а во 32. минута токму Миовски повторно се најде во центарот на вниманието, кога со удар со глава го зголеми водството на 2-0.
Во второто полувреме доминацијата на шкотскиот гигант беше целосна. По досудениот пенал, одговорноста ја презеде Миовски и без грешка ја погоди мрежата за 4-0, комплетирајќи хет-трик и крунисувајќи ја својата блескава партија.





