Наум Петрески, еден од најценетите интерпретатори на македонската музичка сцена, ја објави својата најнова песна „Една солза“. Новата нумера е емотивна и искрена, со силен печат на неговиот препознатлив вокал и интерпретација.
Автор на музиката и текстот е Јован Василевски, со кого Петрески има долгогодишна и успешна соработка. Песната веќе го привлекува вниманието на публиката и претставува најава за период исполнет со нови музички проекти.




