На 23.12.2025 во Скопје, Атлетската федерација на Македонија традиционално ги прогласи најдобрите спортисти за 2025 година. Меѓу наградените се најде и членката на Атлетскиот клуб „Дрини“ од Струга, Мелиса Димитриоски, која беше избрана за најдобра атлетичарка во јуниорска конкуренција (U20).
Димитриоски имаше исклучително успешна сезона, во која го освои државниот шампионат на 100 метри, а заврши како вицешампионка на 200 метри. Со своите резултати и континуирани настапи, таа заслужено го доби признанието за најуспешна млада атлетичарка во Македонија за 2025 година.




