Кадетките на ЖКК Струга 2009 се вратија со убедлива победа од Битола, откако славеа на гостувањето кај Пелистер со високи 67:29.
Нашите кошаркарки уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо и ја контролираа играта во сите четвртини. Предноста се зголемуваше од минута во минута, што јасно се гледа и од резултатот по периоди (19:8, 16:2, 21:7, 11:12).
Најефикасни во редовите на ЖКК Струга 2009 беа Коруноска и Таранеши со по 12 поени, додека значаен придонес дадоа и Зиба и Даути со по 9 поени.
Милеска и Миладиновска постигнаа по 6 поени, Мијевска и Дукоска додадоа по 4, Мојсоска и Танаскоска М. по 2, а Танаскоска Е. запиша 1 поен.
Кај домашниот состав на Пелистер, најрасположена беше Милошевска со 16 поени.




