Ракометарите на Вардар, коло пред крајот од групната фаза, ја запечатија визата за главната рунда – Топ 16 во Лигата на Европа, откако убедливо триумфираа на гостувањето кај хрватски Сесвете со 38-24.
Клучна улога во победата имаше Митровиќ со седум погодоци, Јанковски се истакна со шест гола, а Малус придонесе со уште пет. Вардарци одиграа моќен натпревар во кој од самиот почеток ја наметнаа својата динамика и ритам.




