Честитки до сите учесници на 15-тиот Меѓународен Бреинобреин натпревар што се одржа во Дубаи, на кој учествуваа над 1800 деца од 16 земји во оваа глобална прослава на талентот.
Нашите ученици од Бреинобреин Македонија блеснаа на меѓународната сцена! Освоивме вкупно 6 трофеи – највисоката награда и уште 5 златни медали!

Сите 11 претставници – од Охрид, Тетово и Скопје се враќаат со награда! Тоа е доказ за нивната дисциплина, концентрација и неверојатен ментален потенцијал!
Овој успех е резултат на посветеност, големата желба, поддршка од родителите и секако, програмата Бреинобреин.
Голема благодарност до нашите неверојатни Бреинобреин едукатори – нивниот труд, енергија и посветеност стојат зад секој победник!
Горди сме до небо!
– стои во објавата на Brainonbrain Macedonia
Браво деца, вие сте нашата мотивација 🇲🇰💚✨




