Неверојатен подвиг на храброст и истрајност! Стружанецот Ердал Лушо успешно ги изедри 400 наутички милји без престан, со што се квалификува меѓу ретките луѓе во светот што ќе учествуваат на легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“.
Во оваа екстремна авантура, Лушо сам ќе плови околу 40 дена преку Атлантикот, од Португалија до Карибите, со цел да го оствари сонот на секој вистински морепловец.
Трката започнува на 11 ноември 2025 година, а напредокот можете да го следите на неговиот профил на Instagram, неговата веб страна, а преку whydonate можете и да го поддржите неговиот подвиг, а дел од средствата ќе бидат наменети и за поддршка на локалниот едриличарски клуб во Струга, ЕК „Снегар“, за купување на чамци и опрема потребни за одржување на едрењето за младите од градот.
Храброста на Ердал Лушо е инспирација за цела Македонија – доказ дека соништата навистина можат да испловат!




