Кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија направи голем чекор напред во својата генерација – обезбеди пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Србија!
Нашите надежи славеа против Луксембург со убедливи 25-17, со што ја завршија квалификациската мини-група на првото место со 4 бода.
Интересно е што ист број на бодови имаат и Финска и Грција, но Македонија имаше најдобар меѓусебен скор во триаголникот со овие две селекции, што и го донесе врвот на табелата – и директната виза за ЕП!




