Македонскиот олимписки вице-шампион Дејан Георгиевски повторно докажа дека е меѓу најдобрите во светот на таеквондото, освојувајќи сребрен медал на престижниот Г1 турнир во Романија.
На својот пат до финалето, Георгиевски покажа одлична форма и сигурна техника — најпрво во четвртфиналето го совлада Марсел Хотак од Унгарија, потоа во полуфиналето беше подобар од домашниот претставник Тудор Карагеа, а во финалниот дуел беше минимално поразен од Турчинот Демирчиоглу.
Со овој резултат, македонскиот ас продолжува со серијата на успеси на меѓународната сцена, носејќи нови радости за македонското таеквондо




