Македонската таеквондистка Ведрана Тунески од клубот ТК Бутел оствари историски успех, освојувајќи златен медал на Балканското првенство во олимписко таеквондо.
На патот до шампионскиот трофеј, Тунески покажа врвна форма и огромна борбеност, славејќи две победи против Бугарија, една против Романија, а во финалето беше подобра од претставничката на Албанија.
Овој успех уште еднаш потврдува дека македонското таеквондо е меѓу најуспешните спортови во земјава, со голема иднина и бројни таленти кои со гордост ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена.




