Дербито во Автокоманда без победник откако Алкалоид и Еурофарм Пелистер ремизираа 33:33.
Во возбудливо и неизвесно дерби одиграно во салата „Автокоманда“, ракометарите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер ги поделија бодовите, одигрувајќи 33-33.
Кај домашниот состав на Алкалоид се истакна Тордарсон со седум гола, Д. Митев постигна шест, а Борзаш и Серафимов додадоа по пет погодоци. На спротивната страна, битолчани го имаа расположениот Филип Кузмановски кој реализираше 10 пати, додека Манасков и Хакбарт завршија со по шест гола.
Натпреварот изобилуваше со динамика, борба и голмански одбрани, а на крајот најреален исход беше ремито кое ги задржа двата тима во горниот дел од табелата.




