Младата македонска боречка надеж, Коста Георгиевски, запиша своја прва официјална победа во ММА, настапувајќи на гала-вечерта „Армада 14“ која викендов се одржа во Скопје.
Георгиевски, член на клубот „ММА Бутел“, дојде до триумф со доминантно издание, со што само ја потврди својата универзалност и боречки квалитети.
Иако јавноста го препознава како брат на македонскиот олимписки медалист Дејан Георгиевски, Коста веќе гради сопствено боречко име. Тој зад себе има богато спортско искуство – бил сениорски балкански шампион во олимписко таеквондо, поседува кафен појас во џудо, а сега ја впиша и својата прва ММА победа.




