Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска запиша нова победа на „Armmada 14“ настанот што се одржа во Скопје.
Алексовска со прекин во првата рунда ја совлада противничката Лаида Флочеану и на импресивен начин дојде до триумф пред домашната публика.
Со оваа победа, таа уште еднаш покажа дека е едно од најперспективните имиња на македонската ММА сцена, а воедно ја продолжи и својата победничка серија на рингот.




