РК Алкалоид одржа прес-конференција на која го најави реваншот со бундеслигашот РК Хановер-Бургдорф во квалификациите за Европската лига на ЕХФ. Натпреварот се игра во сабота со почеток од 19:30 часот во салата „Автокоманда“, а ќе биде посебен момент за тимот затоа што пред стартот на мечот ќе го добие пехарот во Европскиот Куп на ЕХФ кој го освои со победа над АЕК Атина во финалето.
„Се што ни останува е да дадеме 100 отсто од себе на терен и евентуално ако ни се даде шанса, да бидеме подобри од претходно и да го чекаме исходот. Ја повикувам публиката да ни даде поддршка на овој дуел на кој сакаме да сме подобри“ – изјави младиот пикер Валентин Карасманакис




