Ракометарите на Еурофарм Пелистер повторно го подигнаа пехарот во Суперкупот на Македонија, и тоа по пауза од три години. На дуелот што ја отвори новата сезона во Кавадарци, битолчани славеа против големиот ривал Вардар со 28-27 (12-13).

Херој на натпреварот беше Хосни Осама, кој во последните секунди го постигна победничкиот гол и донесе огромна радост за „зелено-белите“.
Со ова, Пелистер ја започна сезоната на најдобар можен начин, најавувајќи ја својата амбиција за освојување на сите домашни трофеи.




