Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе игра на четвртото континентално натпреварување во низа, откако вечерва со 3:0 (25:13, 25:16, 25:17) ја победи Грузија и успеаја да дојде до последниот билет кој води на ЕвроВолеј 2026.
Никола Ѓорѓиев со 17 поени ја предводеше Македонија, следен од Филип Савовски со девет, односно Владо Милев и Филип Маџунков со по осум.




