Капитенот на македонската машка одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, ќе ја продолжи својата кариера во Романија, каде што во новата сезона ќе го носи дресот на славниот клуб Рапид Букурешт. Овој трансфер претставува ново поглавје за Ѓоргиев, кој првпат ќе настапува во романскиот шампионат, по минатогодишниот ангажман во Турција.
Во моментов Ѓоргиев е со националниот тим во Скопје, каде што се подготвува за престојните квалификациски натпревари за Европското првенство 2026 против Грција и Грузија.




