Младинскиот репрезентативец на Македонија, Јован Даневски, е ново засилување на суперлигашот Еурофарм Пелистер 2. Дваесет и едногодишниот деснокрилен ракометар доаѓа од редовите на ГРК Тиквеш и ќе биде дел од тимот на Александар Зарков за сезоната 2025/26.
Даневски ќе се приклучи на подготовките на битолскиот клуб кон крајот на јули, а неговото официјално претставување е најавено веднаш по стартот на тренинзите.




