Македонската атлетика доби нов херој! Огнен Стефановски на натпреварувањето во Марибор успеа да го сруши националниот рекорд во скок со стап, кој стоеше непроменет од 1968 година.
Со успешен скок од 4,05 метри, Стефановски испиша историја и постави нова граница за идните генерации. Овој успех е силен мотив за македонските атлети и потврда за напредокот во овој спорт.




